(ФОТО) СОЛЗИ И ЕМОЦИИ: Фудбалерите не ја кријат тагата за Пандев, Гранде за последен пат
Македонската фудбалскаа репрезентација днеска го игра натпреварот со тимот на Холандија во првата фаза од Европското првенство во фудбал, кој за нашите е последен. Но овој меч е еден со големи емоции не само затоа што ја заокружува големата приказна и настапот на оваа генерација фудбалери на едно вакво натпреварување за прв пат во историјата, туку и по тоа што ќе биде последен за легендата на македонскиот фудбал, за капитенот Горан Пандев. Тој најави вчера дека денеска ќе одигра со љубов како секогаш, максимално посветено и смирено, ама за последен пат.
Македонската јавност но и самите негови колеги со многу емоции ја примија веста. Денеска дел од фудбалерите се посебно емотивни. Стефан Ристовски не можеше да ги сокрие и солзите. Колку силина, колкава човечност, срце. Таа ќе се огледа и на теренот. Натпреварот кој се игра во Холандија е во 18 часот.
Пандев цели 20 години го носи дресот на нашата репрезентација и е играч со најмногу настапи за националниот тим (121) притоа постигнувајќи 38 погодоци.


