(ФОТО) Сограѓанка на министерот Сугарески слета од Доха и стана два милионитиот патник на Скопскиот аеродром
Првиот човек на транспорт и врски Горан Сугарески ја пречека сограѓанката Ивана Николоска која слета од Доха како два милионитиот патник на аеродромот во Скопје.

Со летот на „Катар Ервејс” прилепчанката Николоска беше пречекана и од извршниот директор на ТАВ Македонија Алпер Ерсој и претставници на компанијата.

Во кратката изјава за медиумите, Николовска не криеше дека е изненадена што токму таа е избраниот патник, но и дека во истовреме е среќна.
37 авиолини редовно сообраќаат до 35 дестинации зимскиот период од скопскиот аеродром.
Слично
