Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) СО СПРЕЈ ЈА ИЗБРИШАЛЕ СЕВЕРНА - оштетени таблите на Агенциите за медиуми и за млади и спорт

(ФОТО) СО СПРЕЈ ЈА ИЗБРИШАЛЕ СЕВЕРНА - оштетени таблите на Агенциите за медиуми и за млади и спорт

Уште не се знае кој ги исчкрта таблите на Агенцијата за млади и спорт и на Агенцијата за медиуми, каде што со спреј се „унередени“ информативните табли на овие две агенции, но едно е јасно, а тоа е дека на сторителите им пречела придавката Северна пред Република Македонија.

Фактор дојде до фотографии од оштетените табли. 

Од МВР дадоа кусо соопштение за настанот во својот билтен, каде велат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.

„На 26.02.2020 во 11.38 часот во СВР Скопје било пријавено дека со спреј биле оштетени информативните табли на „Агенција за млади и спорт“ и „Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги“ на нивната зграда на ул.„Македонија“ во Скопје. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се вели во соопштението од МВР.

Согласно Преспанскиот договор, сите информативни табли на институциите во земјава се испишани со новото уставно име, Република Северна Македонија, согласно Преспанскиот договор.

Слично

Поврзани вести