(ФОТО) СО ПУМПИ ЗА ДЕЗИНФЕКЦИЈА И СО ЗАШТИТНА ОПРЕМА - Дирекцијата во Дебар ќе спречува ширење на коронавирусот
И Дирекцијата за заштита и спасување излезе на терен во Дебар, за да спречи ширење на коронавирусот во тој реон, каде што беа регистрирани неколку заразени, повратници од Италија.

„Во текот на вчерашниот ден во рамките на своите надлежности, Дирекцијата за заштита и спасување преку подрачното одделение во Дебар се вклучи во работата на Оперативниот штаб кој беше формиран за справување на терен против ширење на Корона вирусот“, соопштија од дирекцијата преку својата фејсбук страница.

Оттаму велат дека оваа дирекција, со свој тим и комплетна опрема, возила со пумпи за дезинфекција и опрема за РХБ заштита делувала на терен.

„Дирекцијата за заштита и спасување со своите човечки и материјално-технички ресурси останува максимално ангажирана за намалување на ризикот од ширење на Корона вирусот“, велат од Дирекцијата.
