Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) СО ИСТА ФОРМА, НО ВО НОВ ЛУКСУЗ: Еве како ќе изгледа новоизградената зграда на Универзална сала

(ФОТО) СО ИСТА ФОРМА, НО ВО НОВ ЛУКСУЗ: Еве како ќе изгледа новоизградената зграда на Универзална сала

Новата Универзална сала ќе ја задржи постоечката форма со цел почитување на колективната меморија, ќе располага со капацитет од 1.200 седишта, а ќе има и нова просторна акустика со современи техничко-технолошки системи.

Еве ги сите нејзини карактеристики:

  • Капацитет: Околу 1.200 седишта, со намалување на редовите за поголем комфор и подобрена безбедност при евакуација.
  • Акустика: Современа просторна акустика со вграден техничко-технолошки систем – HVAC, сценска техника и механика, LED осветлување, аудио-видео системи и електрични инсталации.
  • Дизајн: Задржан е концептот на гледалиштето, влезовите и излезите, со нови современи материјали во ентериерот и надворешноста.
  • Енергетска ефикасност: Објектот ќе биде енергетски ефикасен со современо партерно и хортикултурно уредување.
  • Функција: Ќе овозможува одржување премиери, концерти и други настани без да пречи на околните жители.
  • Инвестиција: Проектот вреди околу 20 милиони евра и ќе биде завршен до крајот на 2027 година


Слично

Поврзани вести