Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Со два факултети му е супер во Швајцарија, но ќе се врати во својата земја

(ФОТО) Со два факултети му е супер во Швајцарија, но ќе се врати во својата земја

Војислав  Глигоровски, кој има 24 години и завршил паралелно Електротехнички и Биолошки факултет во Белград, сега е на докторат во Швајцарија, но планира да се врати во Србија. 

Како еден од најдобрите српски студенти, вели дека не прави ништо спектакуларно, и не сака многу да зборува за медиумите, но сака да ги мотивира своите колеги. 

Има освоено повеќе од 50 награди на општински и државни натпревари по физика, хемија, биологија, математика и историја. 

Лани заминал во Швајцарија,  а освен што студира таму е соработник во настава и истражувач. 

Најголем дел од работното време го поминува во лабораторија, а работното време завршува кога експериментите ќе бидат при крај. 

На институтот во Лозана доаѓаат студенти од 117 земји, при што има и повеќе од Србија. 

Глигоровски вели дека српските студенти се шести по број на запишани. 

„На факултетот сме повеќе од Кинезите и Американците, само Французите, Италијанците и Англичаните се побројни од нас“, раскажува Глигоровски. 

Тој во иднина сака да има соработка со факултетот во Лозана, но сака да се врати и да живее во Србија. 

фото Јован Недељков

Слично

Поврзани вести