(ФОТО) СНЕЖНА ПОКРИВКА ВО СКОПЈЕ - надвор е вистинска зима
Го немаше цела зима, а се појави на крајот на март.

Утрово заврна снег во главниот град на земјава.
Температурата во моментов е нула, што е огромно намалување во однос на претходните денови, кога владееше вистинска пролет.
Скопјани кои се будни веќе споделуваат фотографии на социјалните мрежи од снежната покривка по површините и по автомобилите.
За жал, заради целата неповолна состојба со коронавирусот и вонредните мерки што се на сила, граѓаните сега нема да можат да му се израдуваат на снегот како претходно.
Слично
