(ФОТО) СНАЈДИ СЕ, ПА ЖИВЕЈ: Кавадарчани со столици си го чуваат паркинг местото
Кавадарчани континуирано се жалат дека недостига место за паркирање. Коментираат дека има семејства со повеќе автомобили и дека редовно, дури и за на кафе, на мала оддалеченост, се оди со автомобил, пренесува МИА.
Тие се жалат дека мора да преземаат вакви мерки, со столче да седат на паркиралиштето за да може да си обезбедат паркинг место.
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев најавува решавање на проблемот со истовремено работење на обезбедување на повеќе паркинг места и систем на зонско паркирање.
– Ние имаме комплетен план и стратегија околу овој проблем. Таа одлука не е случајна. Во кординација со советниците имавме неколку отворени дебати и ги разгледавме сите можности, сите опции за најдобро за градот и за граѓаните, информира градоначалникот за МИА.
