Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Сликите доказ дека се дивеело во МНТ, „шверцерите“ негираат дека тие се виновниците

(ФОТО) Сликите доказ дека се дивеело во МНТ, „шверцерите“ негираат дека тие се виновниците

„Ние сме навивачи и навивањето е нашиот живот, нема друг начин на навивање од скандирање и пеење песни, тоа и го направивме таа вечер, без никакво дивеење, кршење, со ниту еден навредлив збор, а камо ли говор на омраза“. 

Ова е ставот на навивачката група „Шверцери“ на фудбалскиот клуб Шкупи по инцидентот во петокот вечерта во новата зграда на Македонскиот народен театар.


Од таа навивачка група негираат дека кршеле, дивееле и дека упатувале навредливи зборови, образложувајќи дека информациите за „дивеење“ се невистинити и шпекулации.

Тие тврдат дека во МНТ дошле организирано и го следеле документарниот филм за оваа навивачка група и доделувањето признаници на еминентни личности од фудбалската живот.

Сепак и три дена реакциите за случувањата не стивнуваат. Критичарите на овој настан велат дека Македонскиот народен театар е објект во кој треба да се промовира културата и уметноста, а не примитивизам.


Фотографиите на Фактор се доказ дека сепак таа вечер имало кршење на инвертарот и се корнеле орнаменти од ѕидовите внатре во објектот.

Слично

Поврзани вести