Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) СКОПЈЕ ВО СНЕЖНА ИДИЛА: Се чистат улиците од снегот кој уште вее!

(ФОТО) СКОПЈЕ ВО СНЕЖНА ИДИЛА: Се чистат улиците од снегот кој уште вее!

Главниот град побелеа од белите снегулки кои од утрово веат непрестајно.

Поголем дел од градските улици и булевари речиси се расчистени и проодни од екипите на зимската служба на Град Скопје, а екипи нa ЈП „Комунална хигиена“ се на терен и го расчистуваат снегот и мразот од тротоарите и од јавните површини.

Екипите на зимската служба на Град Скопје интензивно работат на терен на расчистување на градските улици и булевари и истите во моментов се расчистени и проодни.


За расчистувањето се користат два  мотокултиватора со четки, три метларки, како и две патарки за посолување на мостовите а екипи остануваат на терен цел ден.

Досега на улиците и булеварите се фрлени 175 тони сол

До возачите има препораки да бидат внимателни со управувањето на возилата и да се придржуваат на условите на коловозите. 


Меѓудругото, раѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.


Слично

Поврзани вести