Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фото: Скопјанец спасен од казна за паркинг од анонимен добронамерник

Фото: Скопјанец спасен од казна за паркинг од анонимен добронамерник

Една порака за градски паркинг во Скопје чини во просек 30 денари за час, но често возачите или забораваат да ја платат сумата или пак во брзање мислат дека нема да бидат казнети за оставање на автомобилот на паркинг или необележано место. 

Казните за погрешно паркирање или неплаќање такса се доста високи, а тука е и макотрпната постапка за вадење на возилото од депото на кренати автомобили или пак за отстранување на „канџите“ од паркинг службите. 

Затоа постапката на еден анонимен граѓанин кој спасил скопјанец од казна воодушеви многумина на социјалните мрежи.

„Другар, ти пратив порака, ќе ти ставеа канџа. Направи го и ти ова за некој друг некогаш“, гласи пораката која му ја оставил на сопственикот на автомобилот.

Сепак, не чекајте случајни минувачи да ви платат порака за паркинг без оглед што станува збор за добар гест.

Слично

Поврзани вести