(ФОТО) Скијачите од Банско и Боровец заглавени меѓу Крива Паланка и Куманово
Сообраќајна незгода го стави во прекин патниот правец Крива Паланка - Куманово и обратно.
Фотографиите кои ги доби нашата редакција покажуваат клометарски колони на тој патен правец.
Информациите од надлежните засега се дека незгодата се случила меѓу патничко и товарно возило кај месноста викана Просеченик во атарот на селото Псача.
Безмалку два часа патот Крива Паланка - Куманово ги заглави македонските туристи и скијачи кои се враќаат од зимските центри од соседна Бугарија.
Од АМСМ велат дека сообраќајот е ставен во нормала и движењето се одвива непречено.
Слично
