(ФОТО) Силјановска отиде кај Река на кафе
Гордана Силјановска Давкова ја прифати поканата за кафе од страна на противкандидатот на претседателските избори Блерим Река пред првиот круг закажан за викендот што следува.
Кандидатите поддржани од ВМРО-ДПМНЕ, односно БЕСА и АЛијансата за Албанците се сретнаа во канцеларијата на Река.
- Во самата завршница на претседателска кампања, штабот на Река денес почна со иницијатива да ги кани противкандидатите на кафе во нашиот штаб. Денес штабот на Река го посети кандидатот на ВМРО Гордана Силјановска Давкова. Се надеваме овие денови штабот дека ќе го посети и кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски. Сѐ со цел да покажаме желба до крај за фер и демократска кампања“, стои во фејсбук објавата на професорот Река.
Инаку забележливо е во досегашните ТВ-дебати на претседатеските кандидати дека Силјановска и Река за одредени прашања си даваат меѓусебна поддршка.

