(ФОТО) Силјановска: На Македонија и треба жена!
Не сум јас хероината, вие сте хероите, вие сте Македонија, а јас само ќе се обидам да бидам вашиот глас, ум, став, порака. Постојано ќе докажувам дека сум со вас, дека не можам без вас, дека произлегувам од вас и дека сè ќе сторам за моите граѓани.

Ова на вечерашниот централен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје го изјави претседателската кандидатка професорката Гордана Силјановска Давкова
Македонија има прекрасно име, во женски род е, не ѝ треба придавка. А, пред вас стои жена. На Македонија ѝ треба жена, на татковината ѝ треба жена. Јасно е жошто! Зошто ние имаме потежок живот од мажите, треба да докажуваме дека сме добри професорки, покрај добри мајки, добри другарки, и тоа нè прави посилни и побогати. Е сега дојде време да ги покажеме способностите, не само човечките, туку и женските, рече Силјановска Давкова.
“Јас ја гледам Македонија како земја на среќни граѓанини, кои се почитуваме едни со други, си подаваме рака во тешки времиња и заеднички ја носиме својата среќа.

Јас ја гледам Македонија како држава членка на Европската унија, каде ќе стигнеме само преку макотрпна работа, исполнување на стандарди и принципи, пред се да се европеизираме дома, одвнатре. Европа била и ќе остане нашата единствена иднина. Но за тоа мора да сработиме.
Јас ја гледам Македонија како место во кое земјоделците се задоволни од пласманот на она што со мака го произведуваат. Имаат ценет труд, каде невработените наоѓаат работа, а вработените добиваат повисоки плати“ - порача лидерот на ВМРО ДПМНЕ вечерва на митингот во Скопје.
