(ФОТО) Силјановска го посети штабот на Пендаровски, тој не беше таму?
Гордана Силјановска Давкова на Твитер објави фотографија од нејзината посета на изборниот штаб на противкандидатот во претседателските избори Стево Пендаровски, но на истата во „одборот за пречек“ го нема нејзиниот конкурент.
Непознато е дали Пендаровски бил вп штабот или не, или пак Силјановска не го известила за тоа или одлучила да се фотографира без него.
Таа вчера беше на кафе во штабот на Блерим Река.
„По вчерашнато кафе со Река, денес решив да го посетам и штабот на Стево. Ѓорѓи Галетановски - Чомбе не ме пречека, ама со присутните заклучивме дека сите очекуваме фер изборен процес и избори без нерегуларности“, напиша Силјановска.
Слично
