Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Сиљановска-Давкова: Бадниковата поворка и годинава ме посети, носејќи радост и светлина

(ФОТО) Сиљановска-Давкова: Бадниковата поворка и годинава ме посети, носејќи радост и светлина

Традиционално, во претпладневните часови, групи деца и млади од Бадниковите поворки остварија празнична посети кај претседателката на државата Гордана Силјановска-Давкова.

„Бадниковата поворка и годинава ме посети, носејќи радост и светлина. Најискрените гласници на верата и мирот – децата, пеејќи за вечниот Бог и Божјата љубов, го најавија Христовото раѓање“, објави претседателката на Фејсбук.

Таа додаде дека во духот на празникот ги дарувала со Бадникови пакетчиња, а тие, како што пишува во објавата, „небаре славејски хор, со озарени лица и блескави насмевки ја поттикаа мојата надеж за подобро утре“.

„Со срца полни со љубов, си посакавме среќен Божиќ и си ветивме дека и понатаму ќе ја чуваме и негуваме вековната традиција“, наведува претседателката во објавата на Фејсбук.


Слично

Поврзани вести