(ФОТО) Што содржи договорот на кој се очекува потпис од Заев и Ципрас?
Severna Makedonija користејќи erga omnes (за внатрешна и надворешна употреба) верификувано со уставни измени е основата на договорот што се очекува да биде потпишан во Преспа до крајот на неделава, се вели во документот до кој дојде Алсат од грчки и меѓународни медиумиски претставници во Атина.

Како што се наведува, во договорот ги содржи следниве главни точки:
– Референцата „да се заштитуваат македонските малцинства“, се отстранува од Уставот на соседната земја, а делот за истородноста се услогласува аналогно со грчкиот устав.
– Периодот на транзиција се определува со измени на внатрешните документи на соседната земја и тој сложен процес ќе се поврзе со отворање на пристапните преговори со Северна Македонија.
– Ќе се формира комисија којашто ќе ја испитува употребата на трговските термини во двете земји.
– Македонскиот јазик е признаен, со забелешка дека Северна Македонија признава во договорот дека тој јазик има словенско потекло (како што е наведено во рамката на ООН).
Извор: Алсат М