Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фото: Што ги натера ракометарите да се „истрижат“ на нула?

Фото: Што ги натера ракометарите да се „истрижат“ на нула?

Македонските ракометари Дејан Манасков, Столе Стоилов и Филип Кузмановски вториот дел од групната фаза ќе го играат со нова фризура откако на социјалните мрежи објавија слика со „истрижени“ глави. 

Главната причина за овој нов имиџ е изгубен облог меѓу ракометарите, па така Манасков, Стоилов и Кузмановски го одржуваат позитивниот дух во репрезентацијата и имаат одлична забава при настапот на Европското првенство во ракомет во Хрватска.

„Нова фризура! Кладба си е кладба“, напиша Манасков на социјалните мрежи.

Облогот меѓу репрезентативците бил дека Македонија ќе заврши прво место во групата, што на крајот и се оствари и во следната фаза која се игра во Вараждин патуваме со три бода пред останатите конкуренти.

Слично

Поврзани вести