(ФОТО) Шилегов претстави проект мултифункционална сцена во Градски парк
Мултифункционалната сцена ќе биде новата гордост на Градски Парк. Местото каде ќе се одржуваат најубавите настани, градски фестивали, местото каде многу скопски уметници за прв пат ќе застанат на сцена и каде публиката ќе има можност да ужива во незаборавни моменти, рече денеска Петре Шилегов, актуелниот и кандидат за градоначалник на град Скопје.

„Оваа сцена е избрана на јавен конкурс во конкуренција на 12 други трудови и беше претставена на изложба заедно со сите останати примени трудови минатото лето.
Ова е првата од трите летни сцени наменети за одржување на културни настани на отворено. Станува збор за монтажна и мултифункционална сцена на отворено, со движечки челични профили, идеална за одржување на музички настани, изложби, театарски претстави, уметнички перформанси и разни други собири, рече Шилегов.


Слично
