Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Шилегов им висеше над глава цела ноќ на вработените во ЦУКС

(ФОТО) Шилегов им висеше над глава цела ноќ на вработените во ЦУКС

Снегот не престанува да вее и ова утро. Улиците делумно се покрени со снежна покривка и покрај тоа што екипите на Центарот за управување со кризи цела ноќ работеа.


Можеби немаше да бидат толку активни ако скопскиот градоначалник не им стоеше над глава и не ги следеше сите скопски сообраќајници.

Шилегов заедно со екипите на Зимската служба на Град Скопје, на мониторите внимателно ја следеше состојбата на терен.

Од ЦУКС соопштуваат дека главните улици се речиси чисти но новиот снег од утринава повторно ги забелува.


Коловозите се влажни па затоа препорачливо е возачите да бидат внимателни и со прилагодена брзина за градска средина да го управуваат возилото.

Слично

Поврзани вести