Градот Скопје продолжува со есенска акција за зазеленување на градот што ја започна овој месец.

Планот е да бидат засадени 3.500 висококвалитетни листопадни садници на повеќе локации во сите скопски општини.
Истовремено се отстрануваат пенушки и на нивно место ќе се засадат нови здрави садници.

Оваа есенска акција Градот Скопје ќе ја реализира заедно со сите скопски општини кои во неа ќе учествуваат со свои работници, механизација и садници.

- Од аспект на зеленилото, последно што Град Скопје презема е обновувањето на дрворедите на скопските улици, оние кои од претходното раководство беа исечени и никогаш заменети и обновени. Покрај обновените дрвореди и новите во Ѓорче Петров и Бит-Пазар, во есенската акција за зазеленување на Скопје ќе бидат засадени нови 3500 дрвја на повеќе локации низ скопските општини. Несметајќи ја оваа акција, изминативе неколку месеци се спроведоа акции за садење на нови дрвја во Скопје, каде само во пролетната акција беа засадени повеќе од 6.000 нови дрвја. Исто така, Градот Скопје изминативе 6 месеци подигна нови и реконструираше зелени површини кои се простираат на над 50.000 метри квадратни, се вели во реакцијата на Град Скопје по критиките од опозицијата дека управата не прави ништо да се заштити зеленилото.
