(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Шеќеринска во најопасниот дел на светот
„Навистина ми е чест и задоволство што денеска сум тука да бидам заедно со македонските војници во Авганистан, во Кабул и да покажам колку Македонија им должи и колку ја почитува жртвата и трудот кој што го вложуваат. Денеска сум тука и со делегација од Собранието на Република Македонија и мислам дека заедно ја испраќаме пораката дека нашата стратешка цел, членство во НАТО нè обединува, дека нашиот придонес кон светскиот мир нè обединува, но дека пред сè и над сè нè обединува нашата желба да дадеме поддршка на луѓето кои што ги ставаат под ризик своите животи во име и за Македонија“, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска, при пристигнувањето во Кабул, Авганистан, едно од најопасните подрачја во светот.
Вицепремиерката пристигна во командата на мисијата „Одлучна поддршка“ и оствари средбата со делот од македонскиот контингент задолжен за безбедноста на главниот штаб на мисијата. Имаше разговор и со командантот на аеродромот во Кабул, генералот Хусеин Канбур, со командантот на Командата на главниот град, турскиот генерал Јашар Дилбер и видео-конференциската врска со командантот на Командата Север, германскиот генерал Герхард Ернст Петер Клафус.
„И затоа денеска ќе ни биде задоволство да го поминеме овој ден со нашите војници, припадниците на Армијата на Република Македонија и да се заблагодариме на нивната службаво име на татковината, за татковината и за нејзините стратешки цели. Денеска гледате овдека еден дел од нашите војници, најголемиот дел и навистина ќе имаме шанса да разговараме не само со претставниците на НАТО мисијата, претставниците на различните контингенти, туку прво да го поминеме овој ден со луѓето кои што еве веќе на крај се на својата мисија. Шест месеци ги минуваат во Авганистан, носејќи го македонското знаме и претставувајќи ја својата земја во извонредно тешки, ризични и опасни услови“, рече Шекеринска.
