Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Седум лица меѓу кои и дете повредени на патарината Глумово

(ФОТО) Седум лица меѓу кои и дете повредени на патарината Глумово

Седум лица меѓу кои и едно дете денеска  се повредени во тешка сообраќајка која се случила на патарината Глумово на автопатот на излез од Скопје кон Тетово.

Сообраќајката се случила во 12:50 часот кај наплатната рампа Глумово во која патничко возило Пежо Боксер со скопски регистарски ознаки удрил во комбе Фолксваген Шаран со албански ознаки, а потоа и во кабината за наплата. Повредени се шест возрсни лица и едно дете, сите патници во комбето од Албанија. Тие се пренесени во Клиничкиот центар во Скопје.

Од полицијата информираат дека увидот е во тек.

ФОТО ФАКТОР


Слично

Поврзани вести