Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Се уште има завеани села во Македонија: АРМ им доставува хуманитарни пакети

(ФОТО) Се уште има завеани села во Македонија: АРМ им доставува хуманитарни пакети

Иако снежната покривка ја окова Македонија уште во саботата, во земјата се уште има населени места до кои може да се пробијат само оклопните возила на македонската армија.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска објави дека војската доставила хуманитарни пакети во селата Шашаварлија и Почивало.

„Армијата доаѓа на помош! Хуманитарни пакети за жителите на планинските села Шашаварлија и Почивало, до кои поради завеаниот пат не може да се стигне со друг вид возила освен со нашите. Секогаш подготвени за поддршка на цивилното население!“, објави Шекеринска.



Слично

Поврзани вести