Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) СЕ СОБИРААТ ПРЕД ДИК: Дојдоа, може и оро пак ќе заиграат!

(ФОТО) СЕ СОБИРААТ ПРЕД ДИК: Дојдоа, може и оро пак ќе заиграат!

„Ќе дојдете и оро ќе играте“, вака народски кажано може да се протолкуваат последните собири на владеачката партија откако синоќа ги собра приврзаниците пред Државната изборна комисија, а имајќи го предвид фактот дека членовите и симпатизери се појавуваат по директива на партијата која со автобуси ги ослободува од работа и носи на протести и контрапротести .

Како што пишувавме, тие велат дека се пред ДИК да ја бранат изборната победа, а разгневени свртеа и по некое оро со кое ги удостоија зурлите и тапаните.

За да се стоплат на минусните температури тие си запалија и оган, а насобраната толпа ја разгореа Антонио Милошески, Влатко Ѓорчев, Филип Петровски, Валентина Божиновска и Амди Бајрам.

Во моментов народ се собира повторно пред Државната изборна комисија, која под силен притисок работи на поднесените приговри од партиите на СДСМ и движењето БЕСА и одлучува за распределбата на мандати.

Во секој момент се очекува да започне и седницата на комисијата која доцни веќе повеќе од 1 час.

ФОТО: ФАКТОР

Слично

Поврзани вести