(ФОТО) Се кастрат диви дрвја во Центар, Богдановиќ ќе сади нови на исто место
Во една од најзагадените општини во светот се сечат дрва за да се наплаќа паркинг....до кога парите ќе ви бидат побитни од здравјето на граѓаните?!-прашуваат денеска граѓани на социјалните мрежи во групата „Центар сака да дише“.
Поставеното прашање е дополнето со фотографии од исечени дрвја скопски Центар, а под нив коментари пишува скопскиот градоначалник.
Саша Богдановиќ вели дека се сечат дрва кои ја поткопуваат инсталацијата кои се диви и "кисели". На одредени места, додава ќе се засадат нови дрва на истата локација.
Граѓаните на градоначалникот му коментираат пак дека засадувањето на дрвја треба да стане приоритет, а Богдановиќ се согласува со таа констатација и вели дека така ќе биде.
Слично
