Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Само урнатини и градежен шут остана од дивоградбата кај Мавровка

(ФОТО) Само урнатини и градежен шут остана од дивоградбата кај Мавровка

Само урнатини и еден куп градежен шут остана од дивоградбата кај Мавровка, која вчера беше срушена. 

Граѓани на социјалните мрежи споделуваат фотографии како сега изгледа некогашниот нелегален објект, за кој претходно се крена голема прашина во јавноста.

Како што е познато, вчераутро, Јавното претпријатие „Македонија пат“ ангажираше  механизација, средства за работа и вработени, за уривање и демонтирање на бесправно изградениот објект пред овој трговски центар. 

Додека јавното претпријатие „Македонија пат“, пак, ја рушеше дивоградбата кај Мавровка, пред новинарите за прв пат во јавноста се појави фамозниот газда на нелегалниот објект Мевљудин Алити, кој беше придружуван од двајца адвокати со еден куп документи и тврдеше дека претходно стекнал статус на сопственост со легализација.

„Не сакав да излегувам пред камери, затоа што ова е приватна парцела. Нека рупи дрќавата како што е научена да руши, нека ми ги остави вработените и фамилијата без леб. Ќе одам во Стразбур ако треба. Градоначалникот не може да ги знае сите сопственици на парцели. Уште третиот ден кога беше објавено дека е дивоградба, јас бев во полиција“, рече Алити.

Неговиот адвокат рече дека ќе одат на суд бидејќи ја имаат сета потребна документација и дека таму ќе бараат отштета за отстранувањето што го прави „Македонија пат“ по налог на Владата.

Слично

Поврзани вести