Фото: Руската амбасада и одговори на Американската со најдобриот предлог против загадувањето
На профилот на Руската амбасада во Македонија на Твитер беше објавен доста конкретен, смел и духовит одговор на претходно поставеното прашање на Американската амбасада што се вашите предлози против големото загадување на воздхуот во Скопје и нивната загриженост од состојбата.

Русите погодија право во целта, покажувајќи слика на гасоводот „Турски тек“ кој треба да поминува од Црното море преку Балканот со траса низ Македонија па се до Унгарија. Со природен гас до секое домаќинство во Скопје би се решил долготрајно проблемот со загревање и не би се гореле повеќе дрва или други материјали кои го загадуваат воздухот.
Исто така би се обезбедил поевтин енергенс кој исто така ќе има големо влијание врз намалување на сеопштата загаденост. Сепак, поради големите геополитички игри изградба на повеќе руски гасоводи кон Европа е проблематизирана, а не помагаат ниту поставените американски санкции.
Што мислите вие за одговорот на Руската амбасада кон своите американски колеги во Скопје?
As our friends from @usembassymkd are searching for ideas for the air pollution in Macedonia we want to help with a solution. #TurkishStream pic.twitter.com/IVpN3dxSlc
— Посольство России МК (@Russian_Emb_MKD) December 14, 2017
