Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Рама ја смени вратоврската, ама легендарните патики не

(ФОТО) Рама ја смени вратоврската, ама легендарните патики не

Човеку, па имаш ли ти огледало? - прашува Твитер заедница откако премиерот на Албанија Еди Рама и вториот ден во Охрид на средба со лидерите од Западен Балкан се појави во истите обувки.

Рама очигледно ужива во патики, , често го гледаме и на средбите со високи европски претставници во таква комбинација , а тоа не можеше да остане незабележано ни овојпат.

Пред самото официјално обраќање, денеска, политичарите одеа по црвен тепих, а прв одеше премиерот Зоран Заев. Зад него, албанскиот премиер.


Еден детаљ на сите им падна во око, а тоа е погледот на премиерот Заев насочен кон обувките на Рама.

Имено, тој не можеше а да не го задржи погледот на патиките кои смело ги носеше Рама. Неговата необична комбинација на панталони и спортски обувки во медиумите е секогаш меѓу најкоментираните.


Еди Рама носеше патики кои ги добиле името по легендарниот германски фудбалер Франц Бекенбауер.

Сепак, Рама за денешниот стајлинг одлучил да ја смени барем вратоврската.


Слично

Поврзани вести