Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) РАЈ НА НЕКОЛКУ КИЛОМЕТРИ ОД ВАС: Неверојатни места за одмор во соседството

(ФОТО) РАЈ НА НЕКОЛКУ КИЛОМЕТРИ ОД ВАС: Неверојатни места за одмор во соседството

Често забораваме дека неверојатни природни убавини се наоѓаат близу нас, во соседството или пак во нашата држава. Ви претставуваме неколку рајски места за одмор и уживање до кои ќе стигнете многу брзо ова лето:

Хвар , Хрватска

Комбинација од медитерански стар рај и модерни култури го сочинуваат Хвар единствено и незаборавно место за одмор. Море, историја, култура, забава се причини зошто се повеќе туристи доаѓаат на Хвар да се одморат од работа и стрес.

Бурано, Италија

Ако сте биле во Италија а досега не го посетиле Бурано, како ништо и да не сте виделе. Посебноста на ова место му даваат куќите офарбани во неверојатни бои и канали кои потсетуваат на Венеција. Овој бајковит град не остава никој рамнодушен.

Бохињ, Словенија

Еднинствената и преубава Словенија ќе ве изненади со својата чиста и недопрена природа. Бохињ е токму едно такво магично место. Езерото се неверојатно чиста вода во која се огледува околниот пејзаж ќе ве остави без текст.

Метеори, Грција

Грците за Метеори велат: „како да одите по небо“, но буквално. На сред небо се наоѓа комплекс православни манастири. Архитектурата остава без здив. Во сите светски туристички проспекти покрај името-Метеори стои „место кое мора да го посетите“.

Охрид, Македонија

Охрид е познат по чистата вода и бистро езеро во кое живеат единствени рибни видови. Меѓутоа, ова место ќе го воодушеви секој посетител со своите многубројни цркви кои ги има вкупно 365 - по една за секој ден молитви.

Котор, Црна Гора


Замислете место со неверојатна култура, најлуксузна храна, добри луѓе, чист и солен воздух и сино море и ќе го добиете Котор. Карневалот е време кога морате да бидете во Котор. Ќе посакате засекогаш да се преселите во овој мал град во Црна Гора.

Слично

Поврзани вести