(ФОТО) ПУСТИ УЛИЦИ ВО СКОПСКИТЕ НАСЕЛБИ - се освестија ли конечно граѓаните
Граѓаните изгледа конечно сериозно ги сфатија препораките од Владата дека треба да седат дома, односно да излегуваат само кога имаат најитна потреба.
Меѓу препораките е онаа дека се забранува групирање на повеќе од пет лица, а дека пред маркетите и аптеките треба да се обезбеди редарска служба за да нема метеж.
Особено изразено колку граѓаните почнаа да се придржуваат до мерките беше вчера во доцните вечерни часови.

Празни улици и дури застрашувачка тишина, која никогаш не била вообичаена за овој период од годината, а уште помалку за петок, кога завршува работната недела.
Се разбира, граѓаните се свесни дека мора да се издржи овој период, за да не дојде до нагло ширење на вирусот, што би било многу поопасно за државава.
