(ФОТО) ПУБЛИКАТА СЕ ВРАТИ НА СТАДИОН: Македонија ја пречекува Словенија
Македонија ја пречекува Словенија, a по година и пол публиката се враќа на стадион.
Дуелот почнува во 18 часот на Националната Арена „Тодор Проески“. Ќе биде дозволено присуство на 30 отсто од капацитетот, или околу 10 илјади гледачи ќе може да го следат дуелот. Пред мечот е забележана раздвиженост пред стадионот во Скопје. Ова е пријателски натпревар на двете репрезентации. За две недели почнува Европското првенство.
Владата пред неколку дена донесе одлука за враќање на публиката на отворените стадиони, откако бројките на новозаразени со коронавирусот се намалуваат.


Слично
