Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Протестен марш во Скопје против Груевски

(ФОТО) Протестен марш во Скопје против Груевски

Неколку илјади демонстранти учествуваа во протестниот марш во Скопје кој го организираше коалицијата „Граѓаните за Македонија“ со барање за оставка на премиерот Никола Груевски.

Голем број на граѓани дојдоа со тенџериња, лонци, шерпи, поклопчиња и други предмети за правење бука, а поворката помина пред Владата, и пред зградата во која живее премиерот.

mars skopje 24.06.2015-1

Пред зградата во која живее Груевски говорниците пред насобраните граѓани рекле дека „народот протестира со чисти и празни шерпи и тенџериња затоа што народот е чист, а масата му е празна“, и го повикаа премиерот „што порано да си поднесе оставка и да го спаси народот од беда“.

Протестот , во текот на кој силни полициски сили ја обезбедуваа и зградата на Владата, и зградата во која премиерот живее, заврши без инциденти.

Слично

Поврзани вести