(ФОТО) Протест во Аеродром - граѓаните против спорниот ДУП
Протест попладневно се одржува во Аеродром, а граѓаните се против ДУП-от, кој за нив е спорен.
Граѓаните се револтирани, и велат дека општинската власт бесправно дозволува последните зелени појаси да станат бетонски зданија. Тие се против загадувањето, а нивното е мото е „Стоп за новиот ДУП, сакаме Аеродром да дише“.
Од граѓанската иницијатива „Сакаме Аеродром да дише“, велат дека повеќето згради ќе придонесат за погусто население, сообраќај и загадениот воздух во зимa.
Велат дека секој ден во 18 часот ќе протестираат против нови висококатници кај Мајчин дом и за трговскиот ценар Бисер.
Деталниот урбанистички план беше донесен на седница пред три дена во Општина Аеродром.
ФОТО ФАКТОР






Слично
