Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Протест „Битола сака чист воздух“

(ФОТО) Протест „Битола сака чист воздух“
Под мотото „Битола сака чист воздух“ вечерва се одржа протестот на кој битолчани го изразуваат своето незадоволство од загадувањето и лошиот квалитет на воздухот во градот. „Заштитете го народот, не загадувајте!“, „За нас се работи“ - се дел од транспарентите што ги носеа демонстрантите. Меѓудруго, тие бараат поголем ангажман на градските власти и ставање во функција на мерна станица за квалитет на воздухот во овој град. Маршот за протест го организираа на денот на ослободување на градот. Протестот се организираше преку социјалните мрежи, а таму веќе започнаа да се споделуваат и фотографии од настанот. Фото: Фејсбук - Битола сака чист воздух
Слично

Поврзани вести