Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Притворен скопјанецот кој ограби две финансиски друштва за брзи кредити

(ФОТО) Притворен скопјанецот кој ограби две финансиски друштва за брзи кредити

И МВР денес потврди дека лишено е од слобода лице од Скопје, кој признал две разбојништва во филијали за брзи кредити во август, по што поднесена му е кривична пријава и определен му е притвор

„На 26.10.2025 во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.А.(25) од Скопје. Тој се сомничи дека на 15.08. и 18.08.2025 извршил разбојништва во две подружници на финансиски друштва на подрачјето на ЕВР Центар и Бит Пазар, односно дека со закана со пиштол одзел пари.

Лицето е задржано во полициска станица и во службен разговор ги признал делата. Во координација со јавен обвинител, против него е поднесена кривична пријава по итна постапка, а судија на претходна постапка му определи мерка притвор од 30 дена“,објави полицијата, при тоа приложувајќи фотографии.

Според обвинителството, првото разбојништво било извршено на 15 август во просториите на фирмата во Градскиот трговски центар. Осомничениот седнал на столче за клиенти, а кога вработената го прашала колку пари сака, извадил пиштол и ѝ наредил да ја отвори касата. Исплашената жена ја извадила касата од фиоката и ја ставила на бирото, по што напаѓачот ги зел 60.500 денари и избегал. Само три дена подоцна, истиот маж ограбил уште една филијала на истата компанија, овојпат во Старата скопска чаршија. Со закана со пиштол го натерал вработениот да го отвори сефот и одзел уште 25.000 денари. 

Потоа избегал во правец на плоштадот „Македонија“ и го фрлил оружјето во реката Вардар од Камениот мост. По извршените разбојништва, осомничениот се сокрил и подолго време бил недостапен за полицијата, бидејќи заминал во Хрватска. 

Слично

Поврзани вести