Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) ПРЕТПРИЕМАЧКА ПРИКАЗНА: Не очекувала успех преку ноќ, еве што ја натерало да почне свој бизнис

(ФОТО) ПРЕТПРИЕМАЧКА ПРИКАЗНА: Не очекувала успех преку ноќ, еве што ја натерало да почне свој бизнис

Таа создава необични креации во ограничени количини. 

Наташа Ѓорѓевиќ е млада и образована девојка од Врњачка бања, која почна свој бизнис. 

Сите во нејзиното семејство останале без работа, по што таа решила да започне свој бизнис и да заработува од она за што се образувала. 

Со упорност и работа се обидела да ги совлада пречките. 

Таа вели дека по завршување на високото образование барала работа, но наидувала на збунети погледи и луѓе кои ги мешале поимите дизајнер и шивач. 

„Со оглед на тоа дека сите мои дома останаа без работа и мали беа шансите дека ќе се вработам, моја замисла беше да создадам семеен бизнис од кој моето семејство пристојно ќе живее“ - вели Ѓорѓевиќ. 

Самата знаела да шие, и вели дека дизајнер кој знае да шие, може повеќе да експериментира. 

Додава дека искористила државни субвенции за да почне, а иако се потребни големи вложувања, сепак таа поминала со скромни финансиски средства. 

Ѓорѓевиќ вели дека се труди да ги исполни сите рокови и да ги заврши сите обврски. 

Во иднина планира да пронајде начин нејзините модели да се продаваат ширум Србија. 

Слично

Поврзани вести