Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ КУПУВА ЛЕБ ВО ЕДЕН ОД МАРКЕТИТЕ: Отиде лично да се увери во фактичката состојба

(ФОТО) ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ КУПУВА ЛЕБ ВО ЕДЕН ОД МАРКЕТИТЕ: Отиде лично да се увери во фактичката состојба

Премиерот Димитар Ковачевски денеска беше во еден од маркетите во Скопје за да купи леб. Фотографиите ги сподели и на неговиот профил на Фејсбук, при што потенцираше дека овој негов потег е за да се увери лично во фактичката состојба.

-Денеска, бев лично да се уверам во фактичката состојба со производството и испораката на белиот и полубелиот леб во маркетите. Го разбирам револтот на граѓаните за потегот од страна на трговците и производителите на лебот, како реакција на одлуката за замрзнување на цената на белиот и полубелот леб на 33 денари, што се одрази негативно на секојдневните потреби на граѓаните.

Со новата владина за одлука за снабдување на лебот со замрзната цена, го штитиме стандардот на граѓаните.

Ги обврзуваме трговците на мало кои продаваат леб во дневната набавка на сите видови леб да имаат најмалку 80% од лебот по цена од 33 денари. Пекарите имаат обврска да го произведуваат и да го ставаат во промет белиот и полубелиот леб, во количина од најмалку 80% од производството. Граѓаните мора да ги имаат основните производи!, напиша премиерот на Фејсбук



Слично

Поврзани вести