(ФОТО) Пожарот во Велес зафати куќи и викендички
Пожарот во Велес денеска зафати куќи и викендици.
„Со навремена и брза реакција на пожарникарите, попладнево се спречи проширување на
активниот пожар кој започна во месноста наречена Трите дола“, објави градоначалникот на
Велес, Марко Колев.
Тој жали за причинетата штета.
„Искрено жалам за настанатата штета и упатувам благодарност до ТППЕ Велес кои со 16 пожарникари вршеа професионална интервенција, до општествено одговорната компанија Уни Агро кои со механизација придонесоа во акцијата и до сите кои се вклучија во гаснење и локализирање на пожарот“, пишува градоначалникот.
Тој упати благодарност до пожарникарите и упати апел до граѓаните за поголема внимателност и
грижа.
фото Фејсбук/Марко Колев




Слично
