Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Пожарникарите ја испумпуваат водата од поплавените објекти во Делчево

(ФОТО) Пожарникарите ја испумпуваат водата од поплавените објекти во Делчево

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека од 16:30 до 18:20 часот градот Делчево го зафати големо невреме (врнежи од дожд и град), при што има поплавено повеќе од 60 објекти во населбата Пролет и на улицата Индустриска.

„На терен се излезени ТППЕ Делчево и ЈПКД Брегалница со цела нивна екипа, и вршат испумпување на вода од поплавените објекти“, соопштија од ЦУК. 

Поголем дел од градот е без снабдување со електрична енергија. 

Улиците во градот се како реки. Нестабилното време ќе продолжи и во следните десетина дена. 

фото ЦУК


Слично

Поврзани вести