(ФОТО) Пожарникари спасуваа повредена жена во Автокоманда
Пожарникарите денеска спасуваа повредена жена.
Според објавата на ТППЕ Скопје на социјалната мрежа Фејсбук, интервенцијата се одвивала во скопската населба Автокоманда на улицата „Ташко Караџа“.

„Дојава за интервенција техничка, Ташко Караџа Автокоманда. Падната повредена жена со скршеници повикано Брза помош“, посочуваат од скопската пожарна.
Според информациите, жената била падната во својот дом и затоа морало да се влегува од надвор, односно од балконот.
Потоа дошла и итна помош.
Слично
