Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Пожар во зградата на СЕП, МИА и Инспекторатот за животна средина

(ФОТО) Пожар во зградата на СЕП, МИА и Инспекторатот за животна средина

Фото: Вангел Тануровски

Изутринава избувна пожар во зградата во близина на македонската Филхармонија, во која се сместени повеќе јавни и државни институции.

Во објектот на кеј „Димитар Влахов“ во центарот на Скопје, познат и како поранешен објект на Комерцијална банка, се сместени Секретаријатот за европски прашања, кој неодамна го превзема вицепремиерот Никола Димитров, Македонската информативна агенција и Државниот инспекторат за животна средина.

Противпожарната служба интервенира на првиот кат од зградата, а од таму велат дека сите вработени од смената се излезени на терен и дополнителни информации ќе има подоцна.

Евакуирана е целата зграда, а од инспекторатот, каде работното време почнува во 08:30 часот, за МИА велат дека при избувнувањето на пожарот немало вртаботени во нивните простории.


Слично

Поврзани вести