Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Пожар во близина на Скопје веќе неколку часа - од ЦУК велат, состојбата се следи

(ФОТО) Пожар во близина на Скопје веќе неколку часа - од ЦУК велат, состојбата се следи

Пожар не престанува веќе неколку часа во близина на Скопје.

Фактор од свои читатели доби фотографии од пожарот. Според Центарот за управување со кризи, пожарот се наожа во атарот на селото Осинчани.  

Еве како изгледа пожарот.

Претходно нашите читатели забележале два авиони како го гасат пожарот, но според фотографиите, тој беше активен и по неколку часа од акцијата.

Фактор се обиде да добие повеќе информации од Центарот за управување со кризи.

Од ЦУК за Фактор велат дека од нивниот републички центар од Скопје известил за пожар во атарот на селото Осинчани. 

„Зафатена е нискостеблеста шума. Интервенираат тројца вработени во ШС Караџица, локално население и припадници на Дирекцијата за заштита и спасување. Од 14:00 часот Дирекцијата самоиницијативно ангажира и авиони за гасење на пожарот. Извршени се шест - седум налети. Состојбата се следи“, велат од Центарот за управување со кризи.

Слично

Поврзани вести