ФОТО: Половина ден е лекар, а потоа работи на поле
Махрудин Шабиќ половина ден работи како лекар во Здравствен дом Зворник, а потоа се враќа во своето село Јошаница кое е на 10 км од градот каде се занимава со земјоделство и сточарство.
Овој млад човек работел за да си го плати школувањето, а и сега вели дека на село секогаш има работа било да е косење, садење пиперки, берење малини. Работи заедно со татко му и мајка му и додава дека работата на поле не може да се одложува и точно се знае која работа кога треба да се заврши.
Шабиќ на полето работи од пет часот наутро, по што се подготвува и заминува во Здравствениот дом.
„Сега имам 40 овци, имавме 50, но некои ги продадовме. Ги чуваме за курбан и во половината на септември ќе ги продадеме. Така правевме секоја година и на тој начин заработивме“- раскажува Шабиќ.
Во текот на студиите бил меѓу најдобрите студенти во генерација.
Шабиќ вели дека е приврзан за семејството, и затоа не размислува да ја напушти земјата и да замине во странство.


