Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО: Полиција дошла да раздели комунални работници кои се тепале, тие се разбегале

ФОТО: Полиција дошла да раздели комунални работници кои се тепале, тие се разбегале

Засилено полициско присуство беше забележано денеска во центарот на Скопје, поточно во близината на Клубот на пратениците во главниот град.

Беше присутна и униформирана класична полиција, но и претставници на интервентните полициски сили, кои сеуште вршеа увид на местото на настанот.

Според неофицијалните информации од станарите, полицијата дошла со цел да интервенира при тепачка на комунални работници, кои тука го средуваат центалниот дел на градот.

Но, како што велат станарите, кога дошла полицијата, „тепачите“ се разбегале.

Фактор доби прецизна информација и од Министерството за внатрешни работи, што ја потврдува нашата верзија.

„МВР утрово доби анонимна пријава од граѓанин дека во близина на Клубот на пратениците има нарушување на јавниот ред и мир. Полициски службеници излегле на лице место, но таму не се затекнати учесници во наведеното нарушување. До овој момент нема пријава за оштетени лица“, се вели во изјавата која ја добивме од Министерството за внатрешни работи.

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести