Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фото: Погледнете како ќе изгледа новиот парк во Горно Лисиче

Фото: Погледнете како ќе изгледа новиот парк во Горно Лисиче
Парк и улично осветлување ќе добијат Горно и Долно Лисиче, информираше денеска градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневски. Според него станува збор за хортикултурно и партерно уредување на дел од местото познато како „Бановина“ во Горно Лисиче во близина на ул. Ѓорѓи Капчев. Ќе се гради нов зелен парк со вкупна површина од 6 500 квадратни метри, со тревна површина од 2 310 квадратни метри. Инаку, паркот ќе содржи плочник со клупи и масичка, детско игралиште со нишалки, лизгалка и вртелешка, пешачки патеки, жардинери, летниковец, чешми за пиење вода, канти за отпадоци и клупи.  
Слично

Поврзани вести