(ФОТО) Под силно полициско обезбедување тече седницата на Собранието
Под засилено собраниско обезбедување во Законодавниот дом тече седницата за избор на Влада.
Во моментов пратениците отидоа на пауза од еден час а за тоа време, како што соопшти собранискиот спикер Талат Џафери треба да се подготви стенограмот и да им се подели на пратениците.

Седницата ќе продолжи во 13,30 часот.

Седницата собранискиот спикер ја започна на албански јазик а подоцна продолжи на македонски јазик. На ова реагираа претниците од ВМРО ДПМНЕ кои го обвинија дека го крши Деловникот, а Џафери му возврати на Милошоски дека деловникот му дозволува да се обраќа на албански јазик.
Милошоски рече дека ВМРО ДПМНЕ ќе продолжи да му се обраќа на Џафери како пратеник бидејќи како што рече не го признаваат за претседател бидејќи нелегитимно бил избран.

При обраќањето образложувајќи ја програмата мандатарот Заев пак рече дека новата влада ќе се темели на три клучни темели:
-економија и живот за сите
-Влада која ќе биде посветена на силни професионални институции и правда за сите
-на Европската унија и перспективи за сите
На ова се обврза Зоран Заев пред народните избраници од кои побара доверба за новата влада и програмата на истата.
