Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО: Почна увидот во Винчини

ФОТО: Почна увидот во Винчини

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани го започна увидот по настанатиот пожар во фабриката „Макпрогрес-Винчини” во Виница, информираа од ОЈО.


Увидните дејствија ќе продолжат и следните денови, бидејќи во дел од магацините за суровини и готови производи се уште има жаришта кои тлеат.


Поставени се противпожарни возила за заштита на плинската станица која не беше зафатена од огнот.

Во текот на утрешниот ден на увид на лице место е повикано и вешто лице – електроинжинер.


Во меѓувреме, обезбедени се снимки од видео надзор и се преземаат други дејствија за испитување на настанот.


Слично

Поврзани вести