(ФОТО) По невремето Водовод и канализација во координација со Град Скопје ги вратија сообраќајниците во нормала
По силното невреме кое го зафати градот Скопје, заради количината на наврнат дожд, град и силниот ветер дел од улиците и булеварите беа поплавени заради листови, гранки и градежен шут кое го донесе невремето при што сливниците и шахтите беа затрупани и не можеа да ја примат количината на надојдената вода.
ЈП Водовод и канализација - Скопје во координација со Град Скопје и сите комунални претпријатија веднаш излегоа на терен и за краток временски период успеавме да ги вратиме во функција сите градски сообраќајници, велат оттаму.










Слично
