Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Плоштадот ВМРО го доби новиот лав

(ФОТО) Плоштадот ВМРО го доби новиот лав

Во текот на вчерашниот ден на плоштадот ВМРО беше поставена нова скилптура лав кој е симбол на владеачката парија ВМРО-ДПМНЕ.

Според надлежните овој лав има  длабока хералдиска и историска димензија и основаност, а неговото поставување воедно значи  и разубавување на изгледот на плоштадот.

5leolav

Имено, овие денови беше објавен тендер за избор на компанија која ќе ги постави новите канделабри кои ќе го осветлуваат просторот кон седиштето на погореспоменатата владеачка партија.

Сите заинтересирани фирми своите понуди имаат можност да ги достават до 19 август, при што ќе биде изберен најповолниот понудувач.

6leolav

Според пишувањата на буилд.мк за пристапната улица до плоштадот „ВМРО“ од градскиот буџет веќе се потрошени над 15 милиони денари на почетокот од мај годинава. Истовремено, градежните екипи на „Урбан инвест“ изминатиов период работеа на изградба на новиот плоштад со површина од 681 метри квадратни.

Пресметките говорат дека самиот плоштад, заедно со пристапната улица и осветлувањето, ќе ги чини граѓаните на Скопје минимум 1,7 милиони евра.

(Фотографиите се преземени од Денешен.мк)

Слично

Поврзани вести